Ријана никогаш побрутална! Доминираше во мини здолниште и чизми преку бутовите: Ослабе, па покажа што поседува (ФОТО)

Ријана се појави на фестивал и во таа прилика го привлече вниманието на сите присутни, благодарение на своето екстравагантно издание.

Пејачката Ријана и нејзиниот партнер, раперот АСАП Роки, поминаа вечер на музички и уметнички фестивал во долината Коачела, во близина на Лос Анџелес.

Без сомнение, Ријана го доведе своето тело до совршенство по породувањето, а не се двоуми да го покаже тоа, за што сведочат и фотографиите од споменатиот фестивал. 

Таа се појави во екстравагантно издание, кое ја истакна и нејзината извајана фигура. Мини здолништето и длабоките чизми ги истакнаа нејзините секси нозе, а целиот стајлинг го заокружи со накит и бунда.