Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

пред 2 недели

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира со кого сака. Но, понудата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за коалицирање со неговата партија, уште на првиот ден од кампањата за парламентарни избори, покажува дека тој бара помош.

„Ние среде кампања не бараме помош од пријател. Мене ми се чини дека тоа е јасен знак на слабост, затоа што господинот Мицкоски знае што го очекува на 24 април и на 8 мај. Инаку зошто би барал помош од страна?“, рече Пендаровски.

Текстот Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top