• четврток, 16 мај 2024

Тројца загинати во земјотресот во Нова Гвинеја

Тројца загинати во земјотресот во Нова Гвинеја

Амбунти, 25 март 2024 (МИА) - Три лица, меѓу кои две деца, загинаа во земјотресот што во вчера го погоди регионот Источен Сепик, во Папуа Нова Гвинеја.

Земјотресот со јачина од 6,9 степени уништи околу 1.000 домови, а епицентарот на земјотресот бил на 38 километри од градот Амбунти, на длабочина од околу 40 километри, пренесе Еј-Би-Си Њуз.

Гувернерот на провинцијата Источен Сепик, Алан Бирд, изјави дека земјотресот предизвикал материјална штета во голем дел од покраината, која неодамна беше погодена од поплави.

Во реонот на епицентарот целосно или делумно се уништени повеќе од 90 куќи.

Обилните врнежи во комбинација со силните ветрови претходно овој месец предизвикаа огромни поплави и предизвикаа лизгање на земјиштето во Папуа Нова Гвинеја. сд

фото:ЕПА

Остани поврзан