Злоупотребата на позиција од Бујар Османи и самоволието кое и наштетува на европската перспектива на нашата држава!

Кандидатот за претседател Бујар Османи од редовите на Демократската унија за интеграција, од т.н „Европски Фронт“, во своите предизборни претседателски кампањи настапува со недоквакани, незрели изјави дека:  „најважните приоритети на Бујар Османи, (кој  смета тој и неговата партија дека настапуваат со слоганот  „европски претседател“, ама не се знае за која држава) ќе му била формирање на меѓународен борд составен од  претставници од Соединетите Американски Држави, Европската Унија и во координација со институциите во земјата кои ќе го направат пре- сертифицирање на сите носители на јавни функции во две насоки, дали имаат некаква поврзаност со руските интереси и дали се вмешани во каква било форма на корупција“. Ова го изјавува „сиромавиот “ Бујар Османи ( по инструкции на неговиот „ многу чесен и  сиромашен некорумпиран“ кординатор и претседател Али Ахмети и неговата десна рака од огранокот на ДУИ од Чаир, „фудбалер за политички систем за спортски игри“,Артан Груби) ТРАГИКОМИЧНО!!!

Трагикомично однесување на Бујар Османи

Министерот Бујар Османи на залезот од својата кариера и пред влезот на капиитте на Јавното обвинителство, со кои ќе се соочи после изборите заради сомнежите за бројни злоупотреби, а пред се, за да го докаже потеклото на имотот, деновиве сакаше да се прослави со нова идеја! Да, министерот Османи има желба да се постави над законот покажувајќи елементарно непознавање на националната регулатива. Османи, ја промовираше идејата сите идни функционери да се соочат со НАТО безбедносни проверки за да може да добијат безбедносен сертификат и тоа да било услов за извршување на функција! Дали Османи си замислува дека само тој е безбедносно подобен и само тој може да биде носител на НАТО сертификат. Трагикомично однесување на еден луциден и во филм влезен човек. Тој си замислува дека тоа што го добил овој сертификат во време кога е министер ќе биде исто носител, односно ќе си го задржи и кога нема да биде министер??? Да, тоа е прашање што се поставува и е важно затоа што кога ќе се соочи со кривична одговорност за сите посочени сомнежи лесно ќе го изгуби овој сертификат според законот!

Едно треба да прочита и да знае Бујар Османи: во нашата држава – Македонија, постои Закон за класифицирани информации   со кој се уредува класификацијата на информациите, условите, критериумите, мерките и активностите што се преземаат за нивна заштита, правата, обврските и одговорностите на создавачите и корисниците на класифицирани информации, меѓународната размена, како и други прашања во врска со користењето на класифицирани информации. Безбедносен сертификат е документ со кој се потврдува дека правното или физичкото лице има право на пристап и користење на класифицирани информации.

Безбедносен сертификат за пристап и користење на класифицирани информации од сите степени, без претходна безбедносна проверка, заради вршење на функцијата од денот на изборот до крајот на мандатот, добиваат:

  1. претседателот на Република Македонија,
  2. претседателот на Собранието на Република Македонија,
  3. претседателот на Владата на Република Македонија,
  4. заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија,
  5. претседателот на Уставниот суд на Република Македонија и
  6. претседателот на Врховниот суд на Република Македонија.

Значи, во отсуство на идеи, креативни постапки и инвентивни одлуки, на Бујар Османи му падна на ум да измислува нешто што е надвор од законот, можеби човекот се замислува за законодавец и сака да воведува практика која е надвор од неговите овластувања. И од каде му се овие идеи??? Зарем мисли дека само тој може да биде носител на безбедносен сертификат. Сите знаеме дека со влезот на нашата држава -Македонија во НАТО, безбедносните сертификати имаат посериозна основа и оттука, нема потреба од излишни и излитени закани од Бујарчо. И да се воведе таква измена, што ако новите функционери ги добијат овие сертификати, паѓа во вода оваа луцидна идеја на Бујарчо. Значи, овој човек од бел мантил, толку е влезен во филм и сака да глуми безбедносен стручњак. Па тој, со децении е министер и функционер и со тоа не е свесен дека се оддалечува и од лекарската работа.

Ако мисли Бујар Османи, дека во НАТО, не знаат што прави затоа што безбедносните проверки се вршени во време кога е на функција, можеме слободно да кажеме дека многу се лаже.

НАТО ниту почнал со Бујар Османи, ниту ќе заврши со него. Ќе дојде време кога ќе се отворат многу затворени прашања за криминалите на сегашните властодршци и со тоа нивните сертификати веруваме дека ќе бидат поништени.

Тоа ќе се случи многу брзо!

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес