Гласаа болните, затворениците и дијаспората: Излезеноста на претседателските избори во странство е 25,38 отсто

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

За лицата во казнено-поправните установи, болните и изнемоштени денешниот ден беше изборен ден.

Според информациите од ДИК, до 19 часот, вкупната излезеност од гласањето во странство за претседателските избори изнесува 652 гласачи, односно 25,38 отсто.

Тие додаваат дека во излезеноста, поради временската зона не се вклучени седум избирачки места каде што се уште трае гласањето.

„Гласањето таму течеше без проблеми, а до 19 часот, според информациите од избирачките одбори, гласаа 1 298 гласачи или 60,46 отсто од запишаните за претседателските избори, односно 1 397 гласачи или 68,72 отсто за парламентарните избори“, соопштија од ДИК.

Вкупно 534 гласачи кои се сместени во 20 центри за вонсемејна грижа имаа можност да го остварат своето право на глас во центарот каде што се сместени за претседателските и парламентарните избори, а од нив вкупно гласале 401 гласач или 75,09 отсто за претседател на државата односно 400 гласачи од 20 центри или 74,91отсто гласале за избор на пратеници.