Зошто не треба да пиете ракија пред јадење?

од Nikola Popovski

Пиењето чаши или две ракија пред јадење е обичај дома или во ресторан, но оваа навика наводно не го поттикнува апетитот и не го подобрува вкусот на храната, како што тврдат многумина.

Алкохолниот пијалок пред оброк може да помогне во варењето, но само ако го изберете вистинскиот. Toa не е ракијата.

Ракијата може само да го расипе оброкот, исто како и варењето, така што ќе го шокира желудникот.

-Меѓутоа, ако пиете горчлив пијалок во мали голтки, нема да ги затворите отворите за вкус туку ќе ги подготвите, а дополнително ќе ги стимулирате желудечните сокови и ќе го олесните варењето на храната, пишува „Punkufer.hr“.

Пијалоци и бонтон

Затоа, наместо лути кратки пијалоци, според бонтон на трпезата, можете да пиете билни, горчливи пијалоци кои имаат малку алкохол.

Не избирајте ништо слатко бидејќи може да добиете киселина, па ваквите пијалоци зачувајте ги за крајот на оброкот, односно десерт.

Според легендата, ритуалното пиење горчливи пијалоци пред оброците за да се стимулира варењето датира од античка Грција кога таткото на медицината, Хипократ, препорачал ритуално пиење горчливо вино пред оброците.

Аперитивот станал популарен дури на крајот на 18 век, а особено се вкоренил во Италија. Пијалоците како вермут, мартини и кампари со текот на времето стануваа сè попопуларни, а набрзо следеле и нивните варијации.

Што е дигестив?

Дигестивите се пијат на крајот од оброкот за да се стимулира циркулацијата и да се подобри варењето. И додека Французите ќе препорачаат коњак, добра ракија или Chartreuse (вид на ликер), Италијанците претпочитаат ракија од грозје, горчливо амаро, Fernet-Branco (горчлив ликер кој содржи повеќе од 40 билки и зачини како што се ароматична смола, караница, камилица, кардамон, алое, шафран, кантарион и други).

На крајот од оброкот, Германците наздравуваат со ликери како што се Kräuterlikör и Underberg, додека збогатените вина доминираат во Шпанија и Португалија.

Слични содржини