Сајкоски: За Битола предвидено е изградба на обиколница што ќе ја поврзува со Грција

Од:

Битола и битолчани ќе бидат во фокусот на идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ вели носителот на листата за Изборната единица 5 од ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сакјоски.

– За Битола се предвидени многу инфраструктурни проекти. Во новата програма „Платформа 1198“ за Битола е предвидено да се изгради обиколница што ќе ја поврзува со Грција. Предвидено е да се изгради автопат кој што ќе поврзува Битола со Прилеп, а исто така предвидено е да се изгради патот Градско-Прилеп, со тоа што Битола ќе биде поврзана инфраструктурно и ќе има добра можност за економски развој. Исто така, предвидено е реконструкција и рехабилитација на патот Кичево-Охрид. Подобрување на патната инфраструктура кон Ресен. Исто така, во програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Платформа 1198“ предвидено е подобрување на железничката инфраструктура. Со ова, на Битола ќе дадеме можност за економски раст и развој. Можност за подобра иднина на сите, и за младите и за возрасните. Битола ќе го добие процутот онаков каков што треба да го има низ годините. Битола ќе биде економски центар во регионот, вели Сакјоски.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

Левица пред КСС ја претстави трудова програма

А1он

Димитриевски од Пелинце: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

А1он

Ристовски: Со економски мерки ќе таргетираме цена на леб 20 денари, на млеко 30 денари и на зејтин 40 денари

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Апасиев: Македонска платформа, за да запрат уцените од балистите

А1он