И Талибанците се офајдија од Мундијалот, заработиле милиони долари од изградба на стадионите

Талибанците добро профитирале од изградбата на стадионите на кои се играат натпреварите на Светското првенство во Катар, пишува англискиот весник „Телеграф.

Според весникот, талибанците од парите кои ги добија за да учествуваат на мировните преговори за Авганистан, купиле градежна механизација која била користена за изградба на стадионите во Катар.

Наводно, тие на градежните компании кои работеле на изградба на стадионите им ја издавале механизацијата и тоа за 10.000 долари месечно по машина.

„Мундијалот во Катар е златна кокошка за талибанците. Некои од нив изнајмувале и по 6 или 10 машини, а заработувале по 10.000 долари по машина секој месец додека траела изградбата на стадионите“, изјавил доброинформиран неименуван извор за „Телеграф“.

Токму во Катар пред неколку години се одржуваа мировни преговори за Авганистан, а поголем дел од лидерите на талибанците живееле токму во Доха.

„Јавна тајна е дека во анганистанската амбасада во Доха, талибанците кои биле делод преговарачкиот тим добивале пари од Катар кои потоа го вложиле за да купат градежни машини кои биле користени во изградбата на стадионите“, тврди изворот за „Телеграф“.

- Оглас -

Најнови вести