На денешен ден пред 30 години почина Аиртон Сена

by Fokus

Аиртон Сена, поранешен шампион во Формула 1, почина на денешен ден пред 30 години, на 1 мај 1994 година.

Триесет години подоцна, неговото име одекнува со еднаква сила меѓу љубителите на „најбрзиот циркус во светот“.

Беше околу 14 часот и 20 минути тој ден, кога телевизиите ширум светот објавија снимка од излетаниот автомобил управуван од Сена.

Веќе во 18:30 тој ден, срцето на Сена застана. Страшен удар му го скршил черепот, а носачот дури продрел и му се заглавил веднаш над окото. Три страшни повреди на главата биле фатални.

„На почетокот изгледаше како да спие. Му ги подигнав очните капаци и веднаш ми беше сосема јасно дека има тешки повреди на мозокот. Веднаш го извадивме од седиштето, го легнавме на земја… Додека го правевме тоа, почувствував точно како неговата душа го напушта телото! И јас не сум религиозен… Почина во моите раце. Не, сè уште не ми се верува. Тој умре во моите раце, човеку…“, изјави Сид Воткинс, неврохирургот кој се обидуваше да го спаси познатиот возач.

Сена ја освои Формула 1 трипати во кариерата Тој беше светски шампион во 1988, 1990 и 1991 година. Учествувал на 161 трка и забележал 41 победа. Тој беше на подиумот 65 пати, а последната трка ја извозе во Сан Марино во 1994 година.

Сена многумина го сметаат за најдобриот возач на дожд во историјата на Формула 1, а токму во тие услови успеа да направи голема разлика.

Нему речиси сите му позавидуваа, а самиот истакна дека и политиката има големо влијание врз Формула 1.

Во 2009 година беше прогласен и за најдобар возач во историјата на Формула 1.

Неговата реченица ќе остане запаметена засекогаш – „Да се ​​биде втор само значи дека сте крајниот губитник“.

Поврзани новости