Видео обраќање на Заев: ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја правеше Македонија грда

од Симе Стоиков

„Горд сум што другарот Димитар Ковачевски и раководството на СДСМ покажаа храброст и лидерство, носеа тешки одлуки за да продолжиме со нашата европска интеграција. После пандемијата, тоа беа две години на глобална економска и енергетска криза, на војни во Украина и Газа, но и на едно чудо вмровски блокади во парламентот.

Од таквите блокади, од јаловата доминација на ВМРО ДПМНЕ по општините, но и од нивните технички мандати во Владата, веќе го гледаме назадувањето на европските вредности кај нас“ вели во видео обраќање поранешниот премиер Зоран Заев.

Заев побара поддршка за Ковачевски и за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ не може да ја направи Македонија горда

„Немаме ние нови години за губење од оние кои божем Македонија ќе ја направеле ГОРДА, а истите тие цели 11 години ја правеја ГРДА. Мојот СДСМ, носителите и кандидатите на листите за пратеници, а секако и Претседателот Пендаровски ја заслужуваат сета моја, но и сета Ваша поддршка.

Тие непоколебливо, силно и грижливо се решени да го држат правецот на татковината кон ЕУ, бидејќи тоа е единствениот пат за подобра економија, поголема правичност и солидарност, патот кој гарантира подобар економски стандард за сите наши граѓани“ рече Заев повикувајќи да се гласа за бројот 1 на претстојните избори.

Слични содржини