Поврзете се со нас

Англија

„ЕСПН“: Тен Хаг смета дека има време да го премисли Ретклиф

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Англиските медиуми тврдат дека новиот косопственик на Манчестер Јунајтед, Џим Ретклиф, размислува за нов менаџер, но Ерик тен Хаг нема лесно да се откаже од функцијата.

„ЕСПН“ од свои извори пренесува информација според која холандскиот стручњак смета дека се уште има време да го премисли Ретклиф и да остане на функцијата и следната сезона.

Новиот спортски менаџмент досега не излегол со гаранција за Тен Хаг во однос на следната сезона, но актуелниот менаџер е убеден дека конечната одлука не е донесена и тој има доволно време да се наметне како прв избор.

Медиумите претходно шпекулираа дека Ретклиф и неговите соработници размислуваат за неколку опции, меѓу кои и актуелниот англиски селектор Герет Саутгејт, за кого наводно добиле поддршка и од неколку влијателни клупски легенди.

Фановите очекуваат интересен преоден рок во кој на сцена треба да стапат и новите директори, кои зад себе имаат многу успешни проекти, вклучувајќи го и Омар Берада кој доаѓа од Манчестер Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни