Вести Македонија Топ вести

На вонреден состанок управниот одбор на Токсикологија ќе дискутира за проблемите на клиниката

Една канцеларија вон употреба и низа прашања останаа да сведочат по скандалите на Токсикологија. Штетата по поплавата на Клиниката се уште се утврдува, а на вонреден состанок управниот одбор ќе дискутира за хаосот кој настана.

Извори на Телма брифираат дека тој би се одржал утре евентуално во четврток. Но тоа не е единствен случај, на Токсикологија се редеа низа скандали.

Дел од лекарите алармираа дека вработени на кои им истекол договорот доаѓале на работа, државниот санитарен и здравствен инспекторат констатираше дека 11 лица незаконски работеле со пациенти и давале здравствени услуги..

Решението е испратено и чекаме од Клиниката за Токсикологија да го добијат и да дадат писмен одговор, а потоа ние ќе одиме во контрола. Се надеваме дека ќе биде неделава, велат од ДСЗИ.

Медицинскиот директор за Телма тврди дека напишал забрана за работа на овие лица, но не добил потпис и од организациската директорка па затоа се уште не е испратено барањето до ДСЗИ.

За овие лица да бидат вработени инсистираа и организациската директорка и министерот за здравство, а тие пак сметаат дека заслужиле работна позиција и тврдат дека доаѓале на работа но не извршувале работни задачи.

Со договор на дело ова ми е трета година. – Н: Дали имате потпишано дека нема да ги извршувате обврските додека не ви се продолжи договорот? .. Ние имаме напишано изјава бидејќи на крајот на денот да не излезе дека ние не сакаме да работиме, тоа е дадено наредба од горе што ние фактиќки пак немаме документ да не работиме. Затоа ние сами си побаравме, зборевме и со директорот и напишавме изјава сите вработени дадовме потписи за да имаме да се покриеме дека не работиме и зошто не работиме. – Н: Сега не ги извршувате работните обврски? .. Сега не работиме, доаѓаме само вака на работа. Не држат, не шетаат и да видиме што како додека да се заврши оваа процедура, вели Амит Зеќири Вработен на Клиниката на кој му е истечен договорот  (22.04.2024)

Јавноста ја вознемири и веста дека на оваа клиника вработен вршел притисок на колега лаборант урина со наркотици да замени со чиста.. Вработениот тврдеше дека само прашал, а лаборантот дека не прифатил да го стори тоа знаејќи дека е кривично дело.

Министерот за здравство по тврдењата на дел од лекарите за проблемите на клиниката најави разрешување на медицинскиот директор,но дали по инспекцискиот надзор ќе ја разреши и организациската директорка Бесија Иљази која е на ова место назначена на ден пред формирање на техничката Влада и на работа оди со преведувачка, надлежното министерството со став дека во време на избори не може да има разрешувања.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прва средба на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ за новата влада

Дејан Дејан

До Управниот стигнала една тужба од ВРЕДИ, ДУИ поднесе тужби за сите седум избирачки места

Дејан Дејан

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе