• недела, 30 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Чешката Влада именува специјален пратеник за Балканот

Чешката Влада именува специјален пратеник за Балканот

Прага, 26 март 2025 (МИА) – Владата на Чешка денеска одлучи да именува специјален пратеник за Балканот. На новата функција е именувана поранешната амбасадорка на Чешка во ЕУ, Едита Хрда.

- Мило ми е што амбасадорката Хрда се согласи да биде владин пратеник за Балканот. На регионот му е потребна интензивна дипломатска грижа, изјави чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски.

Хрда ќе ја извршува функцијата во рамките на чешкото МНР.

- Мило ми е што значењето на Балканот се зголемува. Затоа оценивме дека е добро да се има инструмент за подобра координација, наведе по владината седницата министерот за земјоделство, Марек Виборни.

Хрда во чешката дипломатија е од 1992 година, а од 2011 до 2015 беше постојан претставник на Чешка во Обединети нации, а амбасадорка во ЕУ од 2020 година.

- Многу се радувам. Во Прага се роди идејата дека можеме да искористиме една од прилично успешните агенди на нашето претседавање со ЕУ и дека можам да се занимавам со проширувањето на ЕУ, изјави претходно Хрда. ми/

фото: Википедија

Остани поврзан