Етна повторно исфрла пепел и лава

0
123

Вулканот Етна во јужна Италија, на островот Сицилија, продолжи да исфрла пепел и лава, известува Анадолу.

Италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (INGV) соопшти дека активниот југоисточен кратер на вулканот синоќа почнал силно да исфрла пепел и лава.

Вулканот Етна стана активен во ноември, исфрлувајќи лава на 13. и 26. ноември, а текот на лавата може да се набљудува и од околните градови, Катанија и Таормина.

Планината Етна е најголем и најактивен вулкан во Европа. Неговите чести ерупции неретко се пропратени со големи текови на лава, но ретко претставува закана за локалното население.