Регион

16 роднокрајни поетски средби по повод Светскиот ден на поезијата

По повод Светскиот ден на поезијата, Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст-Струмица“ во соработка со Европската куќа во Струмица (Europe House Strumica) на 21 март 2024 година, со почеток во 19:00 часот го организира 16-то издание на „Роднокрајни поетски средби“.

Да го прославиме овој значаен ден за литературата, Меѓународниот ден на поезијата, да го одбележиме овој празник и да уживаме во творештвото на роднокрајните поети од Струмица и околината.

Станува збор за поетска манифестација која редовно се одржува на различни локации во Струмица и струмичко и истата има за цел да ги промовира домашните автори по еден сосема уникатен и неформален начин, со помош на интеракција и слободен пристап. Секој што пишува или има што да каже може да биде дел од овие средби, во иднина оваа манифестација ќе го прошири самиот формат, па освен поети, ова е идеално место да се претстават и луѓе кои се занимаваат со перформанс, stand up, слем поезија, free style изразување, MC-a и што уште не. Да се биде отворен кон сите нови форми на интерпретација е од исклучителна важност, со проширувањето на кругот на учесници ќе се создаде уште поширокогледа платформа.

Роднокрајни поетски средби досега биле домаќини на повеќе од 50 локални автори и десетици етаблирани поети од Македонија и странство.

Овој настан има за цел да ги зближи роднокрајните автори и да креира јадро за запознавање, презентација и промоција на истите, истовремено да и понуди на публиката автори од Македонија и странство кои досега не настапувале во градот, а ја имаат желбата тоа да го направат пред публиката која со будна уво и душа е спремна да го чуе секој нов стих напишан од оние кои се презентираат.

Самата цел на настанот е доближување на творештво поблиску до читателите и афирмација на роднокрајното творечко перо.

Препорачуваме:

Познати победниците на 22 Меѓународен фестивал за афоризам и карикатура

Завршува конзервацијата на средновековната црква под Цареви кули

Одбележан денот на излегување на првите партизани во гевгелиско

Сузана Мицева