Поврзете се со нас

Конференциска лига

Фиорентина втора година по ред ќе игра во финалето на Конференциската Лига (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/ACFFiorentinaEN

Италијанскиот прволигаш Фиорентина втора година по ред ќе игра во финалето на Конференциската Лига на УЕФА.

Клубот од Фиорентина остана непоразен на вечерашното гостување во Белгија кај Бриж (1-1), резулат кој беше доволен да се мине во наредната фаза со оглед на тоа што калчолигашот во првото соочување се избори за славје од 3-2.

Домаќините долго време имаа предност на денешниот меч и тоа преку Ванакен (20 минута), но гостите од Италија се изборија за најстрога казна во 85 минута која ја искористи Белтран за конечни 1-1 и место во завршната битка во ова натпреварување каде за ривал ќе го има подобриот од Олимпијакос-Астон Вила.

Инаку Фиорентина и минатата сезона играше во финалето каде загуби од Вест Хем со 2-1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни