Појака НБА понуда не може да има, сите 30 тима вечерва ќе се појават на терен (Фото)

Вечерва после полноќ ќе се играат дури 15 натпревари во кошаркарската НБА лига, сите 30 тима ќе се појават на терен и ќе одиграат по 81-ви пат сезонава, а исто вакво шоу ќе има и утревечер, по што ќе заврши регуларната сезона и за десет тимови ќе почне летниот одмор.

Доколку сакате да се обложите во Sport Life на конечен тип, имате убава шанса за заработка, на сите мечеви има тимови кои се големи фаворити на хартија, и треба да ги искомбинирате на ист тикет за убава потенцијална добивка.

На Истокот, клучни мечеви се играат во Филаделфија и Кливленд. На Кавалирс им треба победа над Индијана за сигурно место во плејофот и избегнување на плеј-ин, додека триумф на 76-ките против Орландо ќе значи нивна трампа, и Филаделфија ќе биде на местата кои водат директно во плејоф, додека Магичните би паднале на местата за плеј-ин разигрувањето. Победа на Орландо за нив ќе значи дека сигурно ќе бидат на едно од првите пет места на Истокот, а Филаделфија ќе мора да игра плејин.

Во Западната конференција, Денвер сам одлучува за својата судбина и ако ги добие двата меча до крај на регуларната сезона, ќе биде прв. Оклахома и Минесота чекаат кикс на Нагетс, но имаат потешки мечеви отколку Денвер.

ЛА Клиперс ако ја победи Јута, ќе биде четврти на Западот и во првото коло на плејофот ќе игра со Далас. Важни мечеви ќе се играат и во Сан Франциско и Сакраменто, каде тимовите ќе се борат за што подобра позиција. На Пеликанс со пораз од Вориорс ќе им „виси“ плејофот.

- Оглас -

Најнови вести