Спорт

Државната Одбојкарска Лига за ветерани стартува во април

На 6 април, започнувајќи со првиот турнир во Гевгелија, стартува Државната Одбојкарска Лига за ветерани, која ќе вклучува осум екипи. Ова решение беше донесено по средбата на претставници на клубовите во Струмица, одржана вчера.

Лигата ќе биде составена од ветерански екипи од Струмица, Гевгелија, Велес, Прилеп, Штип, Тетово, Скопје и струмичко Сушево. Турнирскиот формат предвидува почеток на натпреварите на 6 април во Гевгелија, како што најави Тони Караколев, комесарот на Лигата.

На средбата беа прифатени предлозите за форматот на натпреварувањето, каде поранешни одбојкари стари над 40 години ќе имаат можност да настапуваат во екипите. Натпреварите ќе се одигруваат во два добиени сетови. Според донесената одлука, ќе биде формирано Здружение на екипи на одбојкарски ветерани, а лигата ќе биде во функција под Одбојкарската федерација на Македонија.

Препорачуваме:

АП Брера спогодбено го раскина договорот со Сисе, а Малески се враќа во Струга ТЛ

Ѓ. K.

Виктори ја надигра Јанта со максимални 3:0

Струмица поразена на стартот од кошаркарскиот шампионат – Охрид ги потопи со Бери и Рос