Муте му се заканува на Ѓоковиќ: Вечер одам на победа против Новак!

Францускиот тенисер Корентен Муте, кој моментно е 83-ти на АТП-листата, вечерва во второто коло на Мастерсот во Рим ќе игра против Новак Ѓоковиќ и верува дека може да триумфира против светскиот рекет број 1.

Муте играше и квалификации во Рим, испадна во последното коло, но како лаки лузер влезе на главниот турнир. Во првото коло го победи Роман Сафиулин, со што си овозможи втор дуел против Ѓоковиќ во кариерата. Првпат се сретнаа во 2019 година во Париз, кога Србинот победи со 7-6, 6-4.

Ѓоковиќ има шест титули во Рим, последната во 2022 година, но Муте не му се плаши.

„Сакам да играм вакви натпревари. Против Ѓоковиќ ќе излезам на терен за да победам, како и секој пат, дури и ако не сум фаворит. Ќе видиме што ќе се случи. Јас сум супер возбуден. Тоа е голем натпревар за мене и ќе му пристапам многу сериозно“, рече Муте.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести