Неделава Бизнис Самит „ПИТ Северна Македонија 2024“ за зголемување на конкурентностa

- Advertisement -

Неделава ќе се одржи ПИТ Северна Македонија 2024, Самит во организација на „Браварија индустриски маркетинг“, коорганизиран со „Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција“ – УСАИД Северна Македонија  и Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со PIT Events и партнерите: МАМЕИ, Инфоверс, ЗАВАР, НЛ Комора на Северна Македонија, ТАРГЕР Е&К, АХК, Стопанска комора на Федерацијата БиХ, Стопанска комора на Србија и Светска банка.

Самитот е своевидно продолжение на циклусот регионални настани кој започна минатата година на PIT Adria Summit 2023 признавајќи дека општествено-деловниот амбиент е сложен, проценките се дека локалниот и  регионалниот амбиент бараат позначајна поддршка и стимул, како и навремено и сеопфатно претставување на вкупниот предизвик во поширока смисла. Деловните модели „Lean, Green and Digital“ се услов за иднината. Имајќи го тоа на ум, клучните теми на овој настан се суштински предуслови за одржлива и за профитабилна конкурентност.

- Advertisement -

Предизвик за „ПИТ Северна Македонија 2024“ е да се постигне целосна конкурентност во глобални рамки преку два панела:

PowerPanel: дигитализација на производството за обичните смртници – како да се користи технологијата за успех?  

- Advertisement -

HumanPotentialPanel: како да се привлечат и да се задржат работниците? 

Во рамките на панелите акцент ќе се стави врз следното: 
–    Дали компаниите од Западен Балкан се подготвени за конкуренција на ЕУ-пазарите 
–    Улогата на лидерството и организациската култура во градењето позитивен имиџ на работодавецот.
–    Презентација на најдобрите практики и градење регионални капацитети за соочување со глобалните предизвици 
–    Lean. Green. Digital: како и до кој степен да се оптимизира производството
–    Работни студии и ергономија: како да се зголемат продуктивноста и задоволството на вработените
–    Управување со синџирот на снабдување 
–    Процес на имплементација на корисничкиот интерфејс 
–    Колаборативни роботи – иднината е тука 
–    Дигитална трансформација во производството: паметни фабрики во акција и заштита на критичната инфраструктура – предизвик на изолираните системи.

- Advertisement -

Некои од говорниците се: Марта Наумовска-Грнарова, извршен директор на ЗАВАР и претседател на МАМЕИ; Катарина Милошевска, менаџер во Infoverse; Лејла Краљевиќ, ко-основач на Дерубис Каравани; Драгана Вујовиќ-Ѓермановиќ, советник за раст и развој на лидери, менаџери, претприемачи и компании; Јелена Павловиќ, тренер, основач и директор на Коучинг центар; Самира Авдиќ, главен извршен директор на Bravaria Industrial Marketing; Идриз Селимовиќ, сопственик и консултант за посно производство во Praktischlean; Тарик Кадриспахиќ, ко-основач и директор на Targer E&C; Александар Меџедовиќ, виш експерт во Меѓународната финансиска корпорација; Тијана Караклиќ, тренер и едукатор во Кучинг центар; д-р Дарко Лазаров, Меѓународен институт за бизнис анализи.

Сподели!
- Advertisement -