logo
logo
logo

Градоначалничката на Париз сака да има Руси на ОИ 2024 АМА ПОД ЕДЕН УСЛОВ...

Vecer | 26.01.2023

Градоначалничката на Париз сака да има Руси на ОИ 2024 АМА ПОД ЕДЕН УСЛОВ...

Градоначалничката на Париз, Ана Идалго, изјави дека сака учество на руските спортисти под неутрално знаме на Олимписките игри во 2024 година.

За разлика од украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој побара нивно протерување.

„Мислам дека ова е момент за спортистите и дека спортистите не треба да бидат лишени од конкуренција. Но, мислам и се залагам, како и голем дел од спортското движење, да нема руска делегација под руското знаме“, рече Идалго за Франс 2.

Таа би сакала руските спортисти да се натпреваруваат под неутрално знаме, како што веќе беше случај.

„Секако, игрите се одржуваат на геополитички простор. Се надевам дека војната во Украина ќе биде зад нас кога ќе ги организираме Игрите во Париз, што ќе биде момент на долгоочекуваната братска средба, бидејќи поради Ковид и низ се што поминуваме, има потреба да се обединиме околу спортот“, рече градоначалничката на Париз.

Илдаго истакна дека Париз ќе биде подготвен навреме за натпреварувањето и дека се се одвива во рамките на буџетот.

Украинскиот претседател Зеленски во вторникот побара од својот француски колега Емануел Макрон да ја исфрли Русија од претстојните Олимписки игри, кои ќе се одржат во летото 2024 година во Париз.

Меѓутоа, Меѓународниот олимписки комитет во средата, по консултациите со претставниците на спортистите, меѓународните федерации и националните олимписки комитети, изјави дека „ниту еден спортист не смее да има забрана да се натпреварува само врз основа на пасош“.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk