Намерно е пукано во автомобилот на главниот обвинител, рече хрватскиот министер Божиновиќ

by fokus

Министерот за внатрешни работи на Хрватска, Давор Божиновиќ изјави дека во автомобилот на главниот обвинител Иван Турудиќ, биле пронајдени два куршуми од огнено оружје и дека „ако имаш два куршуми во една цел, тогаш очигледно е намерно пукање“.

Најдени се два куршума од огнено оружје, со што всушност започна кривична истрага која, се надевам, ќе доведе до одговор на прашањето под кои околности, кога и каде се случило пукањето“, изјави министерот за новинарите во Јастребско, објави Индекс.

„Доколку имате два куршуми во една цел, тогаш очигледно е намерно пукање“, посочи тој и додаде дека допрва треба да се утврдуваат околностите и дека е прерано да се носат какви било заклучоци. „Знаете дека ова е фаза на истрага, а тие се тајни, така што во моментов не можам да ви кажам повеќе од тоа“, рече министерот.

Тој не сакаше да шпекулира кој стои зад тоа. Изјави дека разговарал со новиот главен државен обвинител, дека „сигурно не му е гајле“, но дека смета дека со оглед на тоа што е искусен човек, знае како да се справи со предизвиците.

Тој потврди дека се размислува за полициска заштита на Турудиќ. „Секако дека се разгледува, полицијата не ги остава на случајност ваквите ситуации, но не можам јавно да зборувам за тоа“, рече Божиновиќ.

Поврзани новости