Саса до златен бод во Радовиш, Беса, Беласица и Вардар Неготино убедливи

Денес се одиграа натпреварите од вонредното 27. коло од Втората лига, а на М Нет имавте можност да го следите дуелот од Радовиш каде Детонит Плачковица и Каменица Саса ремизираа без голови (0:0). “Рударите” обезбедија голем бод во трката за да го обезбедат баражот за опстанок.

Вардар на домашен терен во Неготино со 3:0 го декласираше Осогово, откако погодија Хасан, Неделков и Ќазимов.

Беласица преку Талески, Гугуљанов, Капсаров и Милушев сосема очекувано стигна до победа од 0:4 над Караорман во Струга.

Лидерот Беса со 4:0 го декласираше на домашен терен. За новиот прволигаш Скендери постигна хет-трик, а еден гол постигна Алексовски.

Кожуф со 2:1 го доби дуелот со Новаци на домашен терен. Стојчев погоди за водство на гостинот, а домаќинот преку Адили и Иљази направи комплетен пресврт за триумф од 2:1.

Арсими преку Аљбин Рамадани и Емран Рамадани стигна до победа од 2:0 над Башкими.

Пелистер со 3:0 сосема очекувано го доби Тетекс во Битола, а стрелци беа Симеон Христов, Бојан Спиркоски и Благоја Љамчевски.

Во дербито на ланските прволигаши Скопје и Победа ги поделија бодовите играјќи 1:1. Домаќинот преку Рамадани поведе за 1:0, а Трајковски ги постави конечните 1:1.