29 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата се намалува на хартија, цените за граѓаните останаа високи!

Инфлацијата се намалува на хартија, цените за граѓаните останаа високи!

Инфлацијата годинава ќе биде на ниво од три отсто. Светска банка останува на прогнозата дека инфлацијата ќе се заузда од високите двоцифрени нивоа кои направија вистински турбуленции на македонската економија. Сега за периодот што следи се очекува стабилизирање на инфлацијата. Но, експертите од Светска Банка се загрижени поради се ушгте високите цени на храната и останатите услуги кои граѓаните редовно ги купуваат. Властите верлат дека мерките кои биле превземени, но и оние кои се уште се на сила си ја завршија работата. Од Народната банка велат дека нивните мерки добиле признание и од меѓународните институции дека успешно се справиле со кризата.

Во државава во најголема мера оперираат етички одговорни компании, како во производството така и во трговијата, кои и покрај можноста за енормно покачување на цените, сепак продолжија да работат со конкурентни цени, што на крај резултира со раст на инфлацијата во март 2024 од само еден процентен поен споредено со претходниот месец кога беше измерена инфлација од 3,0%. Вака одговорниот за економските политики во владата вицепремиерот Фатмир Битиќи го објаснува зголемувањето на трошоците на живот на граѓаните од земјава.

Дека на годишно ниво инфлацијата е порасната за 4 отсто според Битиќи тоа не е така страшно и тој гледа од еден позитивен агол со образложение дека оваа се оди во насока на нормализирање на состојбите што е резултат на владините политики кои според него дале резултат.

„Земајќи го периодот јануари-март 2024 споредено со јануари-март 2023 година, инфлацијата изнесува 3,4%, што е малку пониско ниво од иницијално проектираната инфлација за 2024, која според последните Владини проекции треба да изнесува 3,6%. Ова е само уште еден во низата докази дека оваа Влада континуирано ги следи економските случувања во државата, и дека спроведува соодветни политики со кои се подобрува стандардот на граѓаните, затоа што растот на пензиите и просечната плата од почетокот на годината до сега е далеку повисок отколку растот на трошоците за живот“ вели Фатмир Битиќи.

Извештајот на Светска банка покажува оптимизам дека во периодот што следи ќе има континуирано намалување на нивото на инфлација, но моменталната реалност е дека граѓаните тоа не го чувствуваат. Според Светска банка ваквиот тренд не е добар бидејќи во време кога на берзите се намалуваат цените на храната, суровините и енергијата, во Македонија тоа не се случува на финалниот производ. Од банката порачаа дека мора подомаќински да се однесуваат сите, како властите, така и компаниите но и домаќинствата.

„Се работи за инфлација која се приближува кон историските цели, но сепак е зголемена. Не очекуваме некое глобално влијание од цените на стоките. Во регионот гледаме дека платите се зголемуваат доста во проценти, а паралелно не се случува раст на продуктивноста”, велат од Светска Банка.

Од Народната банка веќе објавија анкетни податоци во однос на очекувањата за инфлацијата годинава, кои велат дека таа ќе биде на ниво од 4,1 отсто. Претходните очекувања им беа дека инфлацијата ќе изнесува 4,7 отсто на крајот на оваа година. Стапка од три отсто колку што прогнозира Светска Банка од Народната Банка на Македонија очекуваат за крајот на идната година.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП