Гoрела депонија кај „Еуро Хотел“ Струга и уште една во Тетово


Две депонии гореле во изминатите 24 часа, една во Струга и една во Тетовот, соопшти ЦУК.

Во последното деноноќие имаше евидентирани два пожара на отворен простор, гореа две депонии. Регионалниот ЦУК Охрид, информира дека пожарникарите од ТППЕ Струга од 16.00 до 17.00 часот со два пожарникара и еден противпожарно возило гаснеле запалена депонија кај „Еуро Хотел“ во Општина Струга.
Од РЦУК Тетово, информираат дека пожарникарите од Тетово во изминатото деноноќие имале една помала интервенција на запалена депонија во Општина Тетово.