Василевски ќе им суди на Беса и Охрид, Младеновски главен во Радовиш

фото: М Нет-ТВ

Денес се играат натпреварите од вонредното 27. коло од Втората македонска фудбалска лига, а веќе се делегирани и судиите кои ќе ја делат правдата на сите осум натпревари.

Сите натпревари ќе започнат во 16часот, а на телевизија М Нет ќе може да го следите натпреварот меѓу Детонит Плачковица и Каменица Саса.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 27. КОЛО ВТОРА ЛИГА:

Беса – Охрид, Александар Василевски (Скопје)
Пелистер – Тетекс, Ангел Гелов (Кавадарци)
Арсими – Башкими, Јордан Јовановски (Гевгелија)
Скопје – Победа, Фуркан Идризи (Тетово)
Вардар Неготино – Осогово, Бењамин Ќерими (Скопје)
Караорман – Беласица, Марјан Стојановски (Кичево)
Кожуф – Новаци, Димитар Левески (Охрид)
Детонит Плачковица – Каменица Саса, Марјан Младеновски (Скопје)

Александар Ванев, М-Нет