Истрага за разбојништво со автоматска пушка во казино во Лешок

t

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка.

На 24 април, осомничениот, маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка која на граѓаните им е забранета им се заканил на вработениот во обезбедувањето и на уште едно присутно лице. Ја репетирал автоматската пушка и им наредил на оштетените да легнат на подот, по што од фиоките на касите одзел 329.780 денари.

На овој начин осомничениот сторил кривично дело – Разбојништво по член 237 став 4 во врска со став 1, како и кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците и да го повтори делото. Судот го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Билјана Јаневска поднесе оставка од сите функции…

Билјана Јаневска, генерален секретар на Општинската организација…

Најмалку 20 загинати во бури и торнада…

Речиси 300.000 Американци во седум држави се…

Макрон ќе се сретне со Шолц

Францускиот претседател, Емануел Макрон денеска ќе разговара…

Денеска се празнува Преподобен Пахомиј Велики

Родум Египќанец и во младоста незнабожец. Како…