Воен аналитичар: Дронот кој експлодираше во Русија е ист како оној кој падна во Загреб

од Stefanija Kuzmanovska

Денеска се случила експлозија во градот Киреевск во руската област Тула, во која беа повредени три лица. Како што пренесуваат руските медиуми, на местото на несреќата експлодирал украинскиот дрон „Ту-141 Стриж“. Станува збор за истиот дрон кој минатата година се урна во Загреб, а тоа го потврдил и воениот аналитичар Горан Реџеповиќ, пренесува N1 Hrvatska.

Да потсетиме, на 10 март 2022 година во близина на студентскиот дом „Стјепан Радиќ“ во Загреб се урна беспилотно летало.

„Тоа е истиот дрон кој падна во Загреб, а Тула е центар на руската воена индустрија“, вели Реџеповиќ.

Тој додава дека станува збор за дрон од советско производство, кој бил произведен во Харков, Украина, за време на Советскиот Сојуз.

Руските медиуми објавија дека дронот бил вооружен со експлозив, а Реџеповиќ појасни колку експлозив всушност може да носи овој дрон и колкава штета може да предизвика.

„Може безбедно да носи 100 килограми експлозив. Ако е во прашање ‘мек’ предмет, ако на пример не е бункер, може да предизвика штета. Но, тоа е само еден дрон и е повеќе симболично отколку вистинско уништување. Ова ја покажува способноста на Украина да навлезе длабоко во руска територија“, заклучува воениот аналитичар во интервјуто за N1.

Слични содржини