Поврзете се со нас

Одбојка

Mакедонските одбојкари ги дознаа термините за битките на ЕП

Објавено

на

Македонската одбојкарска репрезентација ја очекува настап на Европското првенство, настан на кој еден од ко-домаќините е токму нашата земја.

Нашите одбојкари ќе имаат можност дома, на свој терен да се претстават воо најдобро светло и тоа во периодот од од 30. август до 6. септември оваа календарска година. Дуелите ќе се играат во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, а Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) веќе ги објави термините за битките.

Почнуваме со Данска на 30 август по што следат соочување со Црна Гора, одбојкарскиот моќник Полска, Холандија и на крајот Чешка.

30.08.2023 (20 часот): МАКЕДОНИЈА – Данска
02.09.2023 (20 часот): МАКЕДОНИЈА – Црна Гора
03.09.2023 (20 часот): МАКЕДОНИЈА – Полска
05.09.2023 (17 часот): МАКЕДОНИЈА – Холандија
06.09.2023 (20 часот): МАКЕДОНИЈА – Чешка

Пласман во осминафиналето ќе обезбедат четирите најдобро пласирани селекции од групата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни