Анализа: ВМРО- ДПМНЕ ќе биде комотна во составувањето нова влада и избор на коалициски партнери

Анализа: ВМРО- ДПМНЕ ќе биде комотна во составувањето нова влада и избор на коалициски партнери

ВМРО-ДПМНЕ по парламентарните избори ќе биде многу комотна за формирање на влада и избирање на партнери во истата, нема да биде во позиција да биде уценувана ниту пак жртва на блокади – ова се очекувањата на експертите поради огромната разлика во гласови што се покажа на првиот круг од претседателските избори.

Треба да бидеме во едно сигурни, ова е најголема победа на опозицијата, никогаш ниту една власт не била вака поразена… За парламентарни избори излезноста е уште поголема. Веќе станува збор за еден бран што ја следи опозицијата ВМРО-ДПМНЕ јас очекувам дека на овој резултат би се додале околу 40-50 000 гласа, што значи уште поубедлива победа на 8 мај, вели Самоил Малчески за Алфа

Според познавачите, слабите резултатити на помалите партии дополнително ќе ја зајакнат позицијата на ВМРО-ДПМНЕ зашто дел од граѓаните нема да сакаат гласот да им оди во ветер, а дел секогаш се приклонуваат кон победникот.

И дава ветер во грб на опозицијата, многу е тешко да се предвиди што следи на 8 мај, се знае дека се очекува победа но не може да се каже точен број во пратенички мандати, вели Малчески.

Аналитичарите велат дека проопозициското расположение е очигледно зашто дури 600 илјади луѓе гласале против политиките на СДСМ и ДУИ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )