До пред неколку месеци играа со Реал Мадрид во ЛШ, сега се загрозени од испаѓање во втора лига

Со само еден освоен бод во последните пет кола, Унион Берлин се доведе во ситуација да се бори за опстанок во Бундеслигата.

Денеска Унион дома е поразен од Бохум со 3-4, и сега тимот кој до пред пет месеци учествуваше во Лигата на шампионите, стравува за прволигашкиот статус. На две кола до крајот, Црвените од Берлин се 15-ти, и имаат два бода повеќе од загрозениот Мајнц, кој вечерва треба да игра со Хајденхајм и може да ги прескокне, доколку победи.

Во следното коло, Унион Берлин гостува кај Келн, за кој тоа ќе биде последна шанса да проба да се извлече од претпоследното место. Келн има 6 бода помалку од Унион и може да се избори барем за бараж.

- Оглас -

Најнови вести