Поврзи се со нас

Гостивар

Централно празнување на Балаклија во „Света Петка“ во Гостивар

Објавено

на

Празникот посветен на Мајката божја и нејзините чуда, Источен Петок-Балаклија со црковно-народни собири се прославува во Гостивар и гостиварско.

Храмот „Света Петка“ традиционално секоја година е местото на централното празнување и ги собира православните верници во голем број.

Утрово, во чест на Источен Петок беше отслужена света литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф во сослужение на свештеници од гостиварското архиерејско намесништво. Верниците се причестија со светите тајни на христијанството, а беше извршен и чин на осветување на водата.

Граѓаните се помолија, запалија свеќи, се поклонија пред иконите и оставаа велигденски јајца.

Источен Петок-Балаклија спаѓа во Светлата недела и со него се оддава признание на Пресвета Богородица, поради тоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име.

На Источен Петок-Балаклија се празнува обновувањето на храмот на Богородица во Цариград, наречен Живоносен Извор, поради чудотворниот извор со вода што се наоѓа во него. Храмот бил изграден по залагањето на царот Лав Велики. Според преданието, уште додека не бил цар на Византија, во ближната шума Лав наишол на еден слеп човек, кој го довел до изворот на кој го измил и му дал да пие од водата, по што слепиот прогледал. Кога станал цар, на местото каде што се случило чудото, ѝ изградил храм на Пресвета Богородица, во знак на благодарност кон неа. Набргу после тоа, многуброен народ започнал да доаѓа во тој храм од сите страни, барајќи и наоѓајќи лек за многуте болести.

Поради тоа што Богородица му ги миела раните на Исус, на овој ден луѓето ги посетуваат изворите и ги мијат лицето и очите, или три пати преку себе префрлаат вода од изворите.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена