Во текот на ноќта дел од Хрватска беше зафатен од вистинска зимска снежна бура, а студено време со врнежи од снег е најавено и за денеска.
Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска најави лапавица и снег во Горска Хрватска.
Хрватскиот портал 24сата објави фотографии и видеа на читатели од Бриње во Лика-Сењската жупанија, каде синоќа беше снимена априлската снежна бура.
Минатата недела остар пад на температурата беше забележан и во Хрватски Загорје, кој донесе снег, додека во исто време во Шибеник температурата беше 25 Целзиусови степени. Силна промена на времето потоа пристигна во области на Хрватска, а во Загорје, каде ден пред да падне снегот, беше речиси 30 степени Целзиусови.