Вести Свет

Еден загинат, еден повреден – ОН тврдат дека израелски тенк нападнал јасно означено возило на организацијата

Обединетите нации (ОН) тврдат дека израелски тенк нападнал јасно означено возило на ОН, убивајќи едно високо безбедносно лице на ОН од Индија и повредувајќи друго од Јордан.

„Обединетите нации немаат сомнеж дека муниција од израелскиот тенк погодила заден дел на бело возило на ОН на пат кон Европската болница во јужниот град Рафа во Газа“, изјави Фархан Хак, заменик портпарол на ОН, пренесува АП.

Хак пред новинарите откри дека секторот за безбедност на ОН, кој ги ангажирал двете лица, формирал панел за утврдување на фактите за да се разјаснат и расчистат околностите за инцидентот.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) претходно соопштија дека двајцата минувале низ подрачје каде се воделе борби и укажаа на проблеми во воспоставување на комуникациски врски.

„Прелиминарната истрага укажува дека возилото е погодено на подрачје што е прогласено за активна борбена зона“, соопшти ИДФ, тврдејќи дека „не им била предочена рутата на возилото“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Конференција во чест на 85 години од раѓањето на Ѓорѓи Марјановиќ на Правниот факултет во Скопје

Дејан Дејан

Предупредувачки протест на стопанствениците од индустриската зона Визбегово против изградбата на асфалтна база

Дејан Дејан

Палестина и Косово не се ист случај, Шпанија по признавањето на Палестина одговара за непризнавањето на Косово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе