Објавено на:

Македонскиот спорт е пред банкрот: Закон за ваучер изгласаа, ама пари – не им се даваат!

t

Парламентарците кон крајот на минатиот месец, конечно, ги усвоија измените на Законот за спорт во делот на ваучер-системот, воведувајќи новина за директно инјектирање државни пари во спортот, што предизвика еуфорија кај федерациите, клубовите и индивидуалните спортисти, но веќе еден месец подоцна пари на нивните сметки – нема.

Македонскиот спорт се соочува со колапс и банкрот поради доцнењето на помошта од 10 милиони евра, наменета за негов развој, но и за достојно презентирање на државата на меѓународна сцена. Попусти беа радоста и фалбите по социјалните мрежи по донесените законски измени, кога се уште не е почната ниту процедурата за одредување на висината на ваучерите, на не, пак, исплатата на парите. Роковите за почеток на активностите одамна се пробиени бидејќи националните спортски федерации беа должни до 1 март да објават предлог ранг-листи на спортските клубови и на активните спортисти, по што следува рок за жалба и нивно испраќање до Централната комисија, како орган на државната управа. Таа, пак, најдоцна до 5 април ги објавува во Службен весник конечните листи, а 15 дена по тоа се издава решение за исплата на парите на клубовите и спортистите. Ова, теоретски, значи дека краен рок за исплата на парите кон спортистите е 20 април, што е за помалку од еден месец.

Многумина, барем тие блиски до партиските мегафони, би рекле дека нема простор за паника, дека е само „техничка грешка“ и дека се уште има време да се испочитуваат роковите, но тоа би го кажале само тие што не знаат како оди процедурата. Федерациите не само што доцнат веќе цел месец со официјализирање на прелиминарните ранг-листи, тие се уште немаат ниту испратено прашалници врз основа на што потоа ги рангираат клубовите и спортистите. Ова значи дека процесот воопшто не е почнат, што со себе носи пролонгирање на сите рокови, а со тоа и празни каси на тие што го претставуваат македонскиот спорт на домашна и меѓународна сцена.

Најголем проблем, дефинитивно, се закажаните парламентарни избори за 8 мај, поради што најверојатно постојат законски пречки за исплата на ваучерите. Од АМС, како највисока државна институција за спорт, изминатиов период нема никаква информација за тоа кога воопшто би можело да бидат исплатени парите. А, тоа е најголем проблем, бидејќи за клубовите и спортистите полошо од тоа што имаат празни каси е што немаат никаква информација за тоа кога би ги добиле парите од државата, за да може да си ги планираат трошоците.

И додека едните молчат, а другите плачат најголем губитник е македонскиот спорт. Тој веќе одамна е банкротиран – во секоја смисла.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Деспотовски: Македонија е стабилна земја со вредни…

Позитивната деловна клима за инвестирање, брзи и…

Гир очекува вториот круг од претседателските избори…

Амбасадорот на ЕУ во Скопје Дејвид Гир…

Пронајден е 76-годишниот маж по кој се…

Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по…

Месиќ во Приштина: Голема Србија никогаш нема…

Поранешниот претседател на Хрватска, Стјепан Месиќ, изјави…

Блинкен: Имаме докази дека Кина се обидува…

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен по тридневната…