ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛЧАНКАТА АНА ВАНЧЕВСКА МАКЕДОНСКИ ПРЕТСТАВНИК НА САН РЕМО ЏУНИОР 2024

Битолчанката Ана Ванчевска беше единствен претставник на Македонија на престижниот интернационален фестивал ” Сан Ремо Џуниор“2024 -Италија.

Таа има 13 години, ученик е во ОУ.Даме Груев, изучува виолина во Државното музичко училиште во Битола. Настапувала на детскиот фестивал Си До, каде директорот Дарко Шерденков го препознава нејзиниот талент уште од 5 годишна возраст.

За овој настап на престижниот италјански фестивал кој оваа година го имаше своето 15.издание, ја подготвуваше професорката Марина Коруновска. За креацијата се погрижи Ателјето Емилија Ангеловска.
На фестивалот се натпреваруваа две групи солисти и инструменталисти, кои беа поделени во три групи, а учесниците ( кои беа од 6 до 15 години), беа од повеќе земји.

Фестивалот Сан Ремо јуниор е подржан од Претседателот на Италија, Министерството за култура, УНЕСКО и УНИЦЕФ.