Зоран Заев во САД изрече големи пофалби за Шарената револуција


Зоран Заев на конференцијата во САД

 

„Јас бев еден од водечките активисти и водечка личност на протестот и Шарената револуција, во Македонија, потоа дојде овој премиер, што е различно ова што се случува кај нас. Тоа беше време кога се боревме за слобода и демократија и после тоа време требаше да ја спроведеме таа слобода и демократија“, рече поранешниот премиер Зоран Заев во своето обраќање на конференцијата People Power Academy во организација на невладината организација Канвас што се одржува во Вирџинија, САД.

Тој рече дека во 2008 се воспостави режим од десно ориентирана партија предводена од Никола Груевски лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Заев додаде дека тогаш немаше слобода, сите се плашеа, и секако сето тоа беше причина да се кренат луѓе и да почнат протест кај нас.

 „Јас тогаш бев градоначалник на мојот роден град, тоа е мал град со 40 илјади жители, општина Струмица е 45 илјади жители, блиску до грчката и бугарската граница и секако се обидов да учествувам и да ја споделам мојата храброст заедно со сите“, заклучи Заев.

Според него, основните критериуми на Шарената револуција биле дека тоа не е насилно движење, и второ, дека целта на движењето е да го собори режимот на Груевски во Македонија.

Тој појасни дека Шарената револуција била партиципативен модел, дека никој нема монопол над движењето.

„Главни говорници на Шарената револуција беа активисти, граѓански организации и различни луѓе важни од нашето општество. За сето ова време не беше лесно затоа што режимот ја користеше режимската полиција, тие уапсија многу луѓе, затворија, им се закануваа на децата на семејствата и беше навистина страшно, но имајќи ги предвид сите дискусии овде имаме една многу голема среќа што најдовме пукнатината на режимот и ја искористивме за борба против него, продолжувајќи со алатки за ненасилство, со многу трпение, со блокади на сите улици на главниот град на Скопје, но и низ целата земја. Пукнатината беше што заедно со неколку многу храбри луѓе најдовме нелегални материјали за снимање околу 20 илјади луѓе во државата“, рече поранешниот премиер Зоран Заев во своето обраќање на настанот во организација на невладината организација Канвас.