Поврзете се со нас

Лига на шампиони

ПСЖ залудно доминираше, Дортмунд е прв финалист во ЛШ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/BlackYellow

Германскиот прволигаш Борусија Дортмунд е прв патник во финалето на Лигата на шампионите кое на 1 јуни ќе се одигра на „Вембли“.

„Милионерите“ го преживеаа „Паркот на принцовите“ и доминацијата на домаќините, односно во еден чуден натпревар во кој противникот имаше се во своја полза освен она најважното (погодоците) успеа да слави со 1-0 и со вкупно 2-0 да ја мине оваа полуфинална фаза.

ПСЖ упати преку 30 удари, четири пати ја погодуваше рамката од голот на Кобел, меѓутоа едноставно и среќата не ги посака, па останаа со празни раце.

Клучниот момент се случи во 50 минута кога ветеранот Хумелс со удар со глава го матираше Донарума.

Ривал на Дортмунд ќе биде подобриот од средбата Реал Мадрид-Баерн Минхен, дуел кој почнува од „нула“ со оглед на резултатот од 2-2 од првото соочување на „Алијанц Арена“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни