Top Sport

(Видео) Баерн се изрезили во Хајденхајм, Леверкузен наредниот викенд може да ја обезбеди титулата

Два бода ги делат фидбалерите на Баер Леверкузен од првата титула во клупската историја во Бундес лигата. Попладнево, Баер победи кај Унион Берлин, а Баерн Минхен загуби на гостувањето во Ханденхајм. Разликата меѓу Баер и Баерн сега е 16 поени. Тимот од Леверкузен наредниот викенд може да ја прослави шампионската титула.

Новите шампиони на Германија, успешно го минаа тешкото гостување во Берлин. Унион во 45+3 минута останаа со фудбалер помалку, црвен картон доби Госенс, а пет минути подоцна Флоријан Вирц го постигна единствениот гол.

Баерн уште еднаш ги разочара своите навивачи, загуби кај дебитантот во Бундес лигата, Ханденхајм и си направи лоша увертира пред дуелот со Арсенал во Лигата на шампионите.

Мизеријата на Баерн е уште поголема бидејќи со головите на Кејн и Гнабри, по првиот дел имаше предност од 0:2.

Во вториот дел Ханденхајм експресно изедначи со головите на Сеса и Клајндинст во 50. и 51.минута, а во 83.минута Клајндинст со својот втор гол ги нокаутира Баварците.

Лајпциг забележа убедлива победа во Фрајбург 4:1. Македонскиот репрезентативец Елмас играше од 83.минута кога влезе место Шешко. Два од четири гола за Лајпциг ги постигна Опенда.

Scroll to Top