Блескаше пред Агуеро, Суарес, Кавани, Видал, Мата, Пато, Марсело, Санчес, Пике, но место фудбалска ѕвезда, стана симбол на пропаднат спортист

Младинските големи натпреварувања честопати на големата сцена носат имиња кои подоцна се профилирале во вистински ѕвезди. Во 2007 година на Светското првенство за играчи до 17 години во Канада се појавија многу талентирани играчи, а дел од нив подоцна станаа големи ѕвезди.

Жарарт Пике беше столбот во одбраната на шпанската репрезентација, а Серхио Агуеро, Евер Банега и Анхел ди Марија беа ѕвездите кои ја предводеа Аргентина. Тука играа и Луис Суарес, Единсон Кавани, Артуро Видал, Хуан Мата, Алешандре Пато, Марсело, Алекси Санчес….

Едноставно, тоа беше Мундијал на којшто блеснаа многу млади фудбалери. Од сите селекции, најголемо изненадување беше репрезентацијата на Чешка, која на теренот беше предводена од Мартин Фенин. Токму Фенин, заедно со Лубош Калуд беа најопасните во нападот. Чешка водеше и против Аргентина во финалето со 1:0, но Гаучосите со головите на Агуеро и Зарате направија пресврт и стигнаа до планетарниот врв.

Иако Чешка не стана светски првак, за Фенин се веруваше дека ќе има блескава иднина. Тој на Мундијалот играше со 16 години и беше фудбалер на Теплице. По турнирот, голем број фудбалски клубови се заинтересираа за овој талент. Јувентус го сакаше, но Мартин одбра да замине во Ајнтрахт Франкфурт.

Таму имаше блескав старт и во дебито даде хет-трик. Сепак, тоа беше и врвот на Фенин. До крајот на сезоната во Бундеслигата даде уште два гола, а имаше и 11 асистенции. Сепак, подоцна неговите бројки почнаа да стануваат полоши.

Тимот од Франкфурт испадна од Бундеслигата, а Фенин замина на позајмица во Котбус. Подоцна се обиде да ја „оживее“ кариерата во Славија Прага, па се врати во Теплице и во некои други помалку познати клубови, а во 2020 година реши да стави крај на кариерата, и тоа само на 27 години.

Како голема причина за неуспешната кариера се посочуваат недисциплината и алкохолот. Подоцна се обиде и во ММА борбите, но и тоа му беше неуспешно. Едноставно од играч кој требаше да блеска на фудбалските терени, Фенин стана симбол на неуспешен спортист, кој често пијан се враќа дома, а како што велат неговите соседи, се случува и да лежи пред куќата или да спие во колата.

 

- Оглас -

Најнови вести