29 Март, 2024
0.0261

КРИПТОКРАЛОТ ДО КВОН И НЕ Е НЕКОЈ СИ КРАЛ: Уапсен е со неколку фалс пасоши од повеќе земји! Еве како е фатен

Објавено во: Балкан, Свет 26 Март, 2023

Добивај вести на Viber

До Квон, јужнокорејскиот „криптокрал“ бил приведен на аеродромот во главниот град на Црна Гора, откако апликацијата со предупредување „апсење“ била упатена врз граничниот полицаец при пасошка контрола, пишува подгоричкиот весник „Вијести“, повикувајќи се на извор од истрагата.

Квон беше уапсен на 23 март со уште еден јужнокорејски државјанин, а судот во Подгорица им изрече 30-дневен притвор поради сомнение за фалсификување пасоши.

Нивниот адвокат Бранко Анѓелиќ за Би-Би-Си на српски изјави дека „не било побарано сослушување во врска со други околности, како што е екстрадицијата“.

Според Енциклопедија Британика, екстрадицијата е процес во кој една земја бара екстрадиција на уапсено лице од друга поради обвинение или пресуда што ја донела.

До Квон беше шеф на неуспешна трговска компанија со криптовалути која загуби 40 милијарди долари за време на нејзиниот колапс.

Во септември 2022 година, по него беше распишана меѓународна потерница од Интерпол.

Квон го бараат Јужна Кореја, САД и Сингапур.

„Јужнокорејските обвинители ќе преземат чекори за да го вратат Квон До-Хјунг во земјата. Работиме на тоа“, изјави за агенцијата АФП Ким Хје-кјунг, портпаролка на обвинителството во Јужен Сеул.

Заедно со информацијата за решението за притвор, од судот во Подгорица изјавија и дека засега не може со сигурност да се утврди идентитетот на осомничените, со оглед на тоа што со себе имале повеќе патни исправи, од кои некои се на различни имиња.

„Тие не се бранат со молчење, велат дека нивните пасоши се валидни и бараат од обвинителот да контактира со властите во Костарика за да ги потврди нивните наводи“, изјави бранителот на осомничените за Би-Би-Си на српски претходно во денот.

Засега не се знае кој е другиот уапсен јужнокорејски државјанин и какви врски има со До Квон.

Дневни лист Вијести јавува дека Квон не излегол подалеку од пасошката контрола на аеродромот во Подгорица, бидејќи граничниот полицаец кој му ги проверувал документите ја вклучил апликацијата Најди - со предупредување „апсење“.

Во образложението на барањето за апсење пишувало и дека го бара канцеларијата на Интерпол во Сеул за мултимилионска измама.

Инспекторите на кои јужнокорејскиот државјанин им го предал пасошот на Костарика веднаш контактирале со своите колеги од Интерпол во Сан Хозе, главниот град на таа централноамериканска држава.

Црногорската полиција добила одговор дека „наведениот не фигурира во нивните податоци во националната резиденција, а матичниот број е на друго лице. Одговорено е и дека пасошот за кој барале проверка не е регистриран во нивната земја“, пишува „Вијести“, повикувајќи се на извор близок до истрагата.

Кај Квон и другиот уапсен маж биле пронајдени и белгиски и јужнокорејски пасоши.

Проверките откриле дека и белгиските документи што ги поседува Квон биле фалсификувани, пишува „Вијести“.

По наредба на основниот државен обвинител Харис Шаботиќ одземени се три лаптопи и пет мобилни телефони.

Можеби ќе ве интересира

ВЕШТАЧЕН Е ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА: На денот на исчезнувањето на девојчето бришела повици и пораки

ВЕШТАЧЕН Е ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА: На денот на исчезнувањето на девојчето бришела повици и пораки

УАПСЕНИ ЧЕТВОРИЦА МАЛОЛЕТНИЦИ ВО БИХ- еден ученик донел пиштол во училиште, со другарите планирале грабеж

УАПСЕНИ ЧЕТВОРИЦА МАЛОЛЕТНИЦИ ВО БИХ- еден ученик донел пиштол во училиште, со другарите планирале грабеж

Започна уредувањето на просторат за „италијанскиот“ емигрантски камп во Албанија

Започна уредувањето на просторат за „италијанскиот“ емигрантски камп во Албанија

МАЈКАТА ПРЕД ИСЧЕЗНУВАЊЕТО ЈА СЛИКАЛА ДАНКА ОД ТРИ АГЛИ - Курир дознава дека се прегледани околните тунели и детето го нема

МАЈКАТА ПРЕД ИСЧЕЗНУВАЊЕТО ЈА СЛИКАЛА ДАНКА ОД ТРИ АГЛИ - Курир дознава дека се прегледани околните тунели и детето го нема

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?