Во преполна сала и добра енергија помина концертот на Жељко Самарџиќ во Скопје

Во преполна сала и добра енергија помина концертот на Жељко Самарџиќ во Скопје.  Гостинка на концертот беше Калиопи која со Самарџиќ  ја пее „Знам”, која ја напиша Ромео Грил, а од лани стана доста популарна во регионот, а гостуваше и Бора Чорба.

Ефективен беше стартот на  концертот со песната „Бисер балкански” од Гоце Николовски и целата сала пееше со него. Присутните во еден глас ја пееја култната песна и тоа дополнително ја загреа атмосферата заедно со настапот на гостите кои ја разиграа публиката кога во дует ја испеаја „Елено ќерко”.


Самарџиќ пееше речиси три часа, раскажуваше забавни приказни и се фотографираше со публиката,
Единствениот естраден магазин “Бекстејџ” , од прв ред ја пренесе атмосферата за која долго ќе се зборува, а што се забележа камерата погледнете во видеото

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …