ТЕРА

REKLAMA???

ДИМИТРИЕВСКИ: ВЛАСТА СЕ ИМА ОТКАЖАНО ОД СЕ ШТО Е СВЕТО ЗА МАКЕДОНИЈА

Синоќа во Куманово „ЗНАМ“ одржа голем народен собир на кој промовиравме програмата за претстојните парламентарни избори „Проглас за достоинствена Македонија“!

„Движењето започна од Куманово и се шири низ цела Македонија! Македонија се буди! Вечерва сум пресреќен што оваа енергија ја пренесуваме и се чувствува низ цела Македонија!

Сигурни сме затоа што ве имаме сите вас заедно тука, еден до еден, а не има во огромен број и низ цела Македонија.

Допрва  ќе се крене и повторно гордо ќе се вее македонското знаме и македонскиот народ, рамо до рамо со сите свои братски народи, граѓани на Република Македонија!

Власта се има откажано од се што е свето за Македонија. И ако им дозволиме ќе продолжат да го прават тоа. Ние од ЗНАМ, тоа никогаш нема да им го дозволиме“, рече Максим Димитриевски, претседателскиот кандидат.