Евакуиран хотел во Рим поради отровни испарувања од базенот: пет лица отруени, затворени и околните улици

Евакуиран хотел во Рим поради отровни испарувања од базенот: пет лица отруени, затворени и околните улици

пред 2 недели

Најмалку пет лица се повредени во хотел во центарот на Рим кога дошло до испуштање штетни испарувања од базенот. Наредена е итна евакуација на сите присутни гости и вработени.

Според италијанските медиуми, повредените се во болница, а едно лице е во многу тешка состојба.

Повредени се вработените во хотелот, а најмалку 35 лица се евакуирани.

Во моментот кога алармот се вклучил, во хотелот имало само неколку туристи, кои биле на појадок.

Отровни испарувања доаѓале од бањата и велнес-центарот на долниот кат од хотелот, а се сомневаат дека се од базенот.

Полицијата го обезбедувала и просторот во непосредна близина на хотелот, а поради отровните испарувања, биле затворени околните улици.

Текстот Евакуиран хотел во Рим поради отровни испарувања од базенот: пет лица отруени, затворени и околните улици е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top