Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Србинот Новак Ѓоковиќ, се уште е без трофеј оваа сезона, па многумина губат верба дека ќе дојде до некоја титула до крајот на годината.

Тој минатата недела загуби од Каспер Руд во полуфиналето на Монте Карло, а на оваа тема зборуваше поранешниот прв рекет на ВТА листата и освојувачка на седум Грен слем титули, Жастин Анин. Познатата Белгијка вели дека е донекаде вознемирувачки да се гледа како Ѓоковиќ поднесува тешки физички напори, но смета дека е неопходно да ја врати формата и ритамот со силни мечеви.

  • Секогаш е малку изненадувачки, дури и вознемирувачки, да се види во оваа состојба. Но, тој има потреба од овој интензитет. Тој не е во своето најдобро темпо од почетокот на годината, а на оваа подлога треба да дадете многу повеќе енергија од својата резерва. Размената на поените е многу подолга на земјената подгола, истакна Анин.

Белгиската тенисерка верува дека Србинот се уште има самодовербата, нешто што го красеше во текот на кариерата, а воедно токму таа ќе му донесе подобри резултати во наредниот период.

  • Очигледно, температурата која е поврзана со подлогата, на играчите им е многу потешко да се справат со сето тоа. Новак не е во најдобрата форма, не го дава најдобрто од себе, но победува, добива самодоверба со секој нареден меч. Видовме дека пласманот во полуфиналето повторно изнуди насмевка на неговото лице, заврши Анин.