Причина повеќе да не се откажува од животот: Мигрант од Орегон, кој боледува од рак, освоил 1,3 милијарди долари на лотарија

292
Фото:принтскрин/Инстаграм Еј-Би-Си

Ченг „Чарли“ Саефа го освои осмиот најголем џекпот во историјата на американската лотарија и официјално е побогат за 1,3 милијарди долари.

Осум години откако на Ченг „Чарли“ Саефан му беше дијагностициран рак, тој и неговата сопруга и пријателите купиле дваесетина лозови во продавница во североисточен Орегон на почетокот на април. Во понеделникот дозна дека го освоил осмиот најголем џекпот во историјата на американската лотарија и дека официјално е побогат за 1,3 милијарди долари, пишува Гардијан.

Ченг, неговата сопруга Дуанпен (37) и нивната пријателка Лаиза Чао (55) собрале 200 долари за да купат лозови за Пауербол и да станат идниот милијардер. Еден од нивните лозови ги надмина неверојатните шанси за победа, кои инаку беа 1 спрема 292 милиони, и одговараше на добитните бројки – 22, 27, 44, 52, 69 и црвениот Пауербол 9.

Како и повеќето добитници на џекпот на лотарија, победничката група се одлучи за паушален износ на добивки, оставајќи им 422 милиони долари по оданочување. Пред да ја земе наградата, Ченг откри дека ги напишал оние што се надевал дека ќе бидат победничките броеви на парче хартија, спиел со нив под перницата и се молел за среќа.

„Ми треба помош, уште не сакам да умрам ако не сум направил нешто за моето семејство“, се присети на својата молитва таткото на две деца.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ABC 10News (@abc10news)


На прес-конференцијата тој рече дека откако го купил лозот, на својата сопруга како шега ѝ испратил порака „Ние сме милијардери“. Дека тие се победниците дознал откако таа отишла на работа и преку СМС ја известил дека повеќе не мора да работи. Иако е шокиран што неговата првична шега навистина се оствари, се прашува уште колку време му преостанува да ужива во заработката што ја дели со своите најблиски.

Колку долго ќе треба да ги трошам сите овие пари? Колку долго ќе живеам?

Тој вети дека ќе одвои барем дел од богатството за да си најде добар лекар, но веќе чувствува големо олеснување што ќе може да обезбеди мирен живот на семејството. Тој планира да купи куќа, а човекот, кој се претстави како негов свештеник, рече дека Ченг исто така се согласил да испрати проповедник на мисијата во Тајланд, Лаос и Кина.

Сакам да му се заблагодарам на Бога што ми ја подари оваа прекрасна награда“, изјави среќниот добитник на прес-конференција.

Ова е несомнено една од најзначајните животни епизоди за него. Роден е во Лаос, се преселил во Тајланд во 1987 година, а потоа емигрирал во САД во 1994 година. Во понеделникот носел појас кој е дел од културата на етничката група Ју Меин од Југоисточна Азија со корени од јужна Кина.

Многумина од нив беа фармери кои ѝ помагаа на американската војска за време на Виетнамската војна, а подоцна побегнаа во Тајланд за да избегнат одмазда и на крајот се преселија во САД. Ченг беше меѓу десетиците илјади Ју Миен кои започнаа нов живот долж западниот брег, вклучително и во и околу Портланд, каде што се вработил како машинист и работеше на делови за авиони.