Aртета: Секако дека го сакаме Мбапе во Арсенал, но тој очигледно ќе оди во друг правец

Микел Артета воопшто не ја крие желбата да го види Килиан Мбапе во дресот на Арсенал, но потенцфира дека нивната желба не се коси со идејата на францускиот фудбалер за нов клуб.

Мбапе неодамна ги известил сопствениците на ПСЖ дека на лето заминува како бесплатен играч, откако ќе му истече договорот, а не сака да потпише нов договор.

Тоа е секако голем удар врз сопствениците на клубот, кои претходно во него вложија 180 милиони евра само на неговиот трансфер, а дополнително и силни милиони на неговите плати.

– Кога на пазарот ќе се појави фудбалер од калибарот на Мбапе, мора да бидеме заинтересирани. Сепак, можам да кажам дека делува дека тој нема да сака да дојде на Емирати.

Мбапе скоро извесно е на чекор од Реал Мадрид, а како ќе одминува времето и ќе се ближи трансфер периодот, ќе се знае чиј дрес ќе го облече францускиот фудбалер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО