Алкалоид во последните 20 минути тотално го скрши отпорот на Бутел

Алкалоид со сосема очекувана нова победа во Суперлигата на Македонија, триумфирајќи убедливо со 32-24 во 14. коло против екипата на Бутел.

Иако, низ натпревар кој воопшто резултатски не дава вистинска слика на случувањата на теренот, Алкалоид сосема заслужено дојде до победата. Домашните речиси 40 минути се мачеа да го скршат отпорот на противникот кој умешно парираше во првиот дел кој Алкалоид го доби со само 16-15.

И првите десет минути од второто полувревреме минаа во израмнета игра, за да потоа следи тотална доминација на Алкалоид кој целосно го скрши отпорот на противникот. Рутински се зголемуваше предноста, на крај, за конечна победа од осум гола разлика, 32-24.

Најдобар поединец во победничкиот состав беше Мартин Серафимов со седум гола, додека кај Бутел прво име беше Иван Николов со девет погодоци. На голот кај домаќините Иван Галевски запиша девет успешни интервенции.

За Алкалоид ова е 13-та победа во првенството, за задржување на првата позиција на табелата, пред екипата на Вардар која исто така е со 13 победи и еден пораз.

Се вчитува...