Партизан без Ледеј и против Олимпијакос

Партизан нема право на грешка во последните натпревари од регуларниот дел на Евролигата доколку сака да се најде во плеј-инот на најсилното европско кошаркарско првенство. Прв од серијата на предизвици е вицешампионот Олимпијакос кој гостува во Белград денеска со почеток од 20 часот и 30 минути, а на оваа средба Жељко Обрадовиќ одново нема да може да смета на услугите на Зек Ледеј.

Американскиот крилен центар поради смртта на неговиот татко замина од главниот град на Србија и го пропушти двојното коло во Евролигата изминатата седмица, а и покрај тоа што се очекуваше дека ќе се најде на паркетот против „црвено-белите“ од Грција, до истото нема да дојде.

Причина за тоа е задоцнетиот лет на Американецот кој се очекуваше да пристигне во Белград во вторникот, но пристигна во текот на вчерашниот ден па нема да биде подготвен за еден од клучните натпревари во сезоната. Ледеј оваа сезона бележи просек од 10.3 поени и 4.4 скокови по натпревар во Евролигата со што е четврти стрелец и прв скокач на „црно-белите“.

Се вчитува...