Свет
Се отстранува срушениот мост во Балтимор, пристигна кран што може да подигне 1.000 тони
Најголемиот кран на светот се преместува од источниот брег на САД во Балтимор за да почне денеска со отстранување на мостот што се урна кога брод удри во него и го блокира виталното пристаниште на градот.
Дел од мостот во Балтимор се урна кога контејнерски брод удри во него рано наутро во вторникот, со што повеќе возила завршија во водата. Од ледената вода се извлечени телата на двајца работници, а потрагата по уште четворица исчезнати во несреќата е прекината.
Гувернерот на американската сојузна држава Мериленд, каде што се наоѓа Балтимор, Вес Мур, изјави дека кранот може да подигне до 1.000 тони и дека ќе се користи барем уште еден кран за отстранување на урнатиот мост.
Плановите за отстранување на мостот ги развиваат инженерскиот корпус на армијата на САД и морнарицата, кои мобилизираат ресурси од целата земја за да го исчистат водниот пат во рекордно време.
Мур рече дека не се работи само за државата Мериленд, туку и за економијата на земјата бидејќи низ пристаништето Балтимор минуваат повеќе автомобили и земјоделска опрема од кое било друго пристаниште во Америка.
Гувернерот предупреди дека работата може да потрае долго и ѝ се заблагодари на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден што одобрила итна помош од 60 милиони долари. Бајден рече дека федералната влада ќе ги плати сите трошоци за обнова на мостот.
Штетата предизвикана кога контејнерски брод изгуби струја и удри во столб за потпора на мостот во вторникот вечерта е голема. Нуркачите ги извлекоа телата на двајца мажи од возило во реката во близина на средината на мостот во средата, но властите рекоа дека морале да почнат со расчистување на мостот пред некој да стигне до телата на уште четворица исчезнати работници.
Полицијата соопшти дека врз основа на снимки од сонар нивните возила изгледале како затрупани со огромна количина бетон и метал.
Сојузните и државните власти велат дека ударот на бродот врз мостот што го предизвикал неговото уривање е, според сите пресметки, несреќа. Во моментот на несреќата луѓето што загинале биле дел од групата работници што ги поправале дупките на мостот и биле од Мексико, Гватемала, Хондурас и од Ел Салвадор, изјавија официјални лица. Најмалку осум лица паднале во водата кога бродот удрил во столб на мостот, а двајца биле спасени истиот ден.
Во ударот мостот се скршил и за неколку секунди паднал во водата. Надлежните едвај имаа време да го запрат сообраќајот преку мостот, но немаа време да ги предупредат работниците на пристаништето, прашање на секунди беа кога од бродот пријавија дека им откажала струјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Фон дер Лајен: Ако Путин го прекине бомбардирањето, мировните преговори може да почнат следниот ден
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека доколку рускиот претседател Владимир Путин престане да ја бомбардира Украина, мировните преговори може да почнат следниот ден, пренесе Анадолија.
Фон дер Лејен, која дојде во Рим за време на изборната кампања за Европскиот парламент (ЕП), се сретна со млади гласачи заедно со Антонио Тајани, лидерот на Форца Италија (ФИ).
Таа на средбата зборуваше за војната меѓу Русија и Украина.
– Доколку Путин го прекине бомбардирањето, следниот ден може да се одржат мировни преговори. Но, мировниот процес мора да го водат Украинците. Нивно право е да го направат тоа, рече таа.
Регион
(Видео) „Мислевме дека е мачка“: се огласи момчето кое најде бебе во канта за ѓубре во Загреб
Синоќа во Запрешич во Загреб во канта за ѓубре било пронајдено новороденче.
„Се враќавме од тренинг и слушнавме плачење. Застанавме и мислевме дека е куче или мачка и некој ги фрлил. После тоа, пријателот собра храброст и погледна во кантата. Виде бебе со крвава глава завиткано во крпа“, изјави М.Ј, момче кое во понеделникот вечерта во Загреб заедно со другарот пронашле новороденче во канта за ѓубре.
View this post on Instagram
„Кога другар ми рече дека бебето е внатре, бев во шок, не можев ни да погледнам, веднаш се јавив на 112. Госпоѓата која одговори не праша дали можеме да го извадиме бебето од канта. Бебето сепак беше внатре додека не дојде брзата помош“, вели момчето.
Новородено бебе, кое синоќа беше пронајдено, завиткано во ќебе и фрлено во контејнер, е надвор од животна опасност.
Свет
Зeленски: Нашите војници го уништуваат окупаторот кој се обидува да напредува
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави каква е ситуацијата на фронтот.
„Олександар Сирски извести за состојбите во областите на борбените операции. Регионот Доњецк, регионот Харков – каде што е најтешко сега. Тој е на клучните места – работи со бригади, на борбени позиции. Се уште е рано да се носат заклучоци, но ситуацијата е под контрола“, рече Зеленски и додаде:
„Нашите војници го уништуваат окупаторот кој се обидува да напредува. Сè е доволно стресно. Но, ги зајакнавме насоките, особено Харков. Сега многу војници, особено жителите на Харков дојдоа во одбрана на регионот Харков, благодарност до сите за нивната ефикасност“, додаде претседателот на Украина.